Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда. Првиот човек на Арсенал Иван Газидис се сели во Милан!
После многу години работа во Арсенал, каде финансиски го стабилизира клубот, Газидис се сели во редовите на Милан каде ќе ја извршува функцијата на генерален директор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за еден од најценетите фудбалски менаџери кој во Лондон заработуваше 2,6 милиони фунти годишно, а новите сопственици на Милан му понудија еден милион повеќе.
Арсенал неодамна го донесе бившиот директор на Барселона, Санијехи кој ќе ја преземе функцијата на Газидис во лондонскиот клуб.
Арсенал денес преку официјално соопштение ја потврди промената и потврди дека Газидис се сели во Милан, а веднаш потоа истото го направи и миланскиот гигант.
Raul Sanllehi and Vinai Venkatesham appointed head of football and managing director respectively, as Ivan Gazidis leaves for A.C. Milan
— Arsenal FC (@Arsenal) September 18, 2018