Дома Трансфер зона Стигна потврда: Заха сака во Арсенал, „топџиите“ ја испратиле првата понуда!

Стигна потврда: Заха сака во Арсенал, „топџиите“ ја испратиле првата понуда!

Ова попладне во англиските медиуми се појави вест дека Арсенал ја испратил понудата за Вилфред Заха.

Заха веќе неколку дена се поврзува со Арсенал, а сега пристигнува потврда дека самиот фудбалер притиска за трансфер и тоа од сигурен извор. Братот на Заха откри дека Вилфред прави максимални напори да се пресели во Арсенал.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Заха секогаш ќе го носи Палас во своето срце и ќе биде благодарен и на клубот и на навивачите за тоа што го доби тука. Сепак, мојот брат сонува да игра за Арсенал. Добро знам колку мојот брат му помогна на овој клуб и сега се надевам дека Палас ќе му излезе во пресрет и ќе се договори со Арсенал. Време е да се оствари неговиот сон и да заигра за клубот за кој навива уште од детството“, откри Жудикел Заха за „Скај Спорт“.

Освен оваа изјава на братот на Заха се појави и информација дека Арсенал испратил официјална понуда од 40 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…