Дома Фудбал Стигна оштетата за клевета на контото на Меси: Парите пренасочени во „Лекари без граници“

Стигна оштетата за клевета на контото на Меси: Парите пренасочени во „Лекари без граници“

Вториот најдобар фудбалер на денешницата, Лео Меси донираше повеќе од 70.000 евра во здружението „Лекари без граници“, што е износ кој го доби како оштета за клеветата која му ја нанесе Алфонсо Усиа, новинар на Ла Разона.

Имено, изминатата година Меси ја доби постапката против новинарот на Ла Разона. Спорната статија која ја објави Усиа сочинуваше лажни наведувања за допинг на фантастичниот напаѓач на Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По повеќе од една година, Меси конечно доби пари и ги проследи кон здружението кое нуди помош на жртвите од оружените судири, епидемија и природни или човечки предзвикани катастрофи.

Судот во Барселона, статијата ја оцени како непотребна и непристојна. Па така, шпанскиот новинар мораше да плати казна.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Детали за трансферот: Арсенал синоќа направи една од најголемите „кражби“ во историјата на Премиер лигата

Еберчи Езе синоќа одбра клуб во кој сака да ја продолжи својата кариера, а во игра беа Арс…