Манчестер Сити е спремен да го продаде Рахим Стерлинг на крајот на сезоната, бидејќи одбива да стави потпис на нов договор.
Англискиот репрезентативец не добиваше голема минутажа на почетокот на сезоната и јавно го искажа своето незадоволство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Стерлинг истекува за 14 месеци, а „граѓаните“ веќе доставија понуда до неговиот агент за продолжување на соработката.
Сити нема намера да дозволи Стерлинг да замине како слободен агент и доколку не стави потпис на нов договор до крајот на сезоната, тогаш ќе биде продаден на лето.
Гвардиола веќе бара негова замена и прва желба е ѕвездата на Милан и португалски репрезентативец, Рафаел Леао.