Дома Фудбал Останато Стеауа избришана од фудбалската карта

Стеауа избришана од фудбалската карта

Најтрофејниот романски клуб и поранешен европски првак, Стеауа повеќе не постои! Ова е одлуката на Врховниот суд на Романија кој пресуди во корист на Министерството за одбрана.

На славниот клуб чии сопственик е контроврзниот бизнисмен, Џиџи Бекали, ќе му бидат одземени името и грбот и нема да може да биде легитимен наследник на клубот кој во 1947 година го основа Министерството за одбрана.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој случај по тужбата на Министерството за одбрана долго се влечеше низ сусдските лавиринти, а пресудата која Врховниот суд ја донесе во четвртокот е конечна.

Клубот повеќе не смее да го носи името Стеауа, а исто така нема да може да се натпреварува во Првата лига на Романија.

„Се е готово, Стеауа повеќе не постои! Не знам што ќе биде во иднина и како ситуацијата ќе се развива“, изјави неименован клупски функционер.

Романските медиуми наведуваат дека новото име на клубот ќе биде ФЦСБ и дека новиот субјект ќе започне од нула, односно ќе започне да се натпреварува во четвртата романска лига, најверојатно уште од наредната сезона.

Стеауа од основањето има освоено 26 шампионски титули во Романија и рекордни 22 титули во Купот. Од наведените трофеи, по падот на комунистичкиот режим клубот бил 12 пати шампион и шест пати освојувач на Купот.

Најголемиот клупски успех датира од сезоната 1985/1986 кога Стеауа стана европски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити ќе ја зајакне средната линија со две имиња од Премиер лигата

Манчестер Сити се подготвува за сериозно обновување на средната линија, додека Пеп Гвардио…