Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Лестер со вечерашниот натпревар од првото коло ќе ја отворат новата сезона во Премиер лигата.
Тренерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо не е задоволен од тоа како неговиот клуб го одработи преодниот рок, на крајот доведе само еден поважен играч и тоа Фред од Шахтјор за 53 милиони фунти. Токму поради тоа пред неколку дена најави дека ова ќе биде тешка сезона за неговиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна Лестер остана без еден од своите најдобри фудбалер, Ријад Марез кој конечно овој преоден рок премина во Манчестер Сити, исто така замина и Ахмед Муса за 15 милиони фунти во Саудиска Арабија. Во клубот пристигнаа некои нови интересни фудбалери како што се Џејмс Мадисон од Норвич за 22.5 милиони фунти, Рикардо Переира од Порто, за 19.8 милиони фунти и Каглар Сојунку од Фрајбург за 19 милиони.
Секако, без разлика за тоа како го одработи преодниот рок Манчестер Јунајтед е фаворит во овој натпревар, па онлајн обложувалницата, „Coinbet24“ на „црвените ѓаволи“ за победа им додели коефициент од 1.52, за победа на Лестер добивате коефициент од 6.90, додека за реми коефициентот изнесува 4.00.