Доколку може да им се верува на италијанските медиуми, интересот на ПСЖ за Миралем Пјаниќ никогаш не бил поголем, а познато е дека клубот од поодамна го „мерка“.
„Кориере дела Сара“ пишува дека најголемиот француски клуб на лето е спремен да испрати рекордна понуда за Пјаниќ од 80 милиони евра, што е двојно повеќе од онаа сума за која Јувентус во 2016 година го доведе од Рома (32 милиони евра+бонуси).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај тоа ПСЖ е спремен на играчот за врска да му понуди плата од осум милиони евра што е исто така скоро двојно повеќе од она што го добива во Јувентус. (4.5 милиони евра).
Да потсетиме, ПСЖ Пјаниќ имаше намера да го ангажира и додека овој фудбалер го носеше дресот на Рома, но тогаш Јувентус беше побрз. Сепак понудата од 80 милиони евра би можела да ги натера во Јувентус да размислуваат.
Пјаниќ оваа сезона одигра 35 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања, постигна шест погодоци и запиша десет асистенции.