Дома Трансфер зона Станковиќ во Црвена Звезда го носи Бане Ивановиќ

Станковиќ во Црвена Звезда го носи Бане Ивановиќ

Легендата на српскиот фудбал Дејан Станковиќ денес и официјално седна на клупата на Црвена Звезда.

Неговото доаѓање предизвика голема еуфорија кај навивачите на српскиот клуб, пред се поради информацијата од руските медиуми дека Станковиќ може во Црвена Звезда да го донесе Бане Ивановиќ.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Рускиот новинар Јараменко тврди дека Зенит сака да го намали бројот на странци во клубот, па Ивановиќ веќе во јануари би можел да се пресели во Белград.

„На Ивановиќ договорот му истекува за шест месеци и според информациите клубот нема да му понуди нов. Бранислав би можел кариерата да ја заврши во својата татковина, односно во Црвена Звезда“, тврди Јараменко.

Црвена Звезда и Зенит имаат ист спонзор, па тоа би можело да го забрза трансферот да се реализира уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …