Дома Фудбал Останато Срцето му застанало на три ипол минути: Исповед на Гудељ за страшните моменти

Срцето му застанало на три ипол минути: Исповед на Гудељ за страшните моменти

Драгиша Гудељ се врати на терените откако во март доживеа срцев застој.

Гудељ како капитен на Кордоба на 14-ти јули одигра пријателски натпревар против Севиља во кој гостите славеа со 2:0.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сега, зборуваше за страшните моменти во март, откривајќи дека и самиот не знаел што се случува, а докторите му кажале дека срцето му застанало на три ипол минути.

„Се сеќавам на речиси се, освен на тие седум, до 10 минути. Кога се разбудив на носилки откако паднав на земја, се сеќавам на секоја секунда. Видов луѓе околу мене како ме внесуваат во амбулантно возило, прашав „што се случува?“ Му кажав на тренерот дека сакам да го продолжам натпреварот, не разбрав што се случи, мислев дека сум добил вообичаен удар“, се присети Гудељ.

„Чудно е затоа што се чувствував добро, иако секако со многу адреналин. Потоа го видов татко ми. Ми се обрати: „Драгиша, смири се, смири се сега“. По неговиот израз можев да заклучам дека нешто сериозно се случило. Кога влеговме во брзата помош докторот ми ја објасни ситуацијата.. Кога ќе ти кажат дека твоето срце застанало цели три и пол минути, твојот свет буквално застанува на неколку секунди. Не можам да ви опишам како се чувствував“, раскажа Гудељ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…