Дома Фудбал Останато Српскиот фудбалер кој неколку минути бешe без пулс ќе продолжи да игра фудбал

Српскиот фудбалер кој неколку минути бешe без пулс ќе продолжи да игра фудбал

Пред само пет дена на натпреварот помеѓу Кордоба и Расинг Ферол можеше да дојде до голема трагедија.

Натпреварот беше прекинат по само десет минути игра откако 25-годишниот Драгиша Гудељ, брат на српскиот репрезентативец, Немања се сруши на теренот и остана без свест, но и без пулс. За среќа денес пристигнуваат добри вести.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гудељ ќе ја продолжи кариерата откако ќе му биде вграден дефибрилатор, електронски уред сличен на електростимулатор кој се вградува под кожата на пациентот. Ваков уред доби и Кристијан Ериксен по срцевиот удар кој го доживеа на последното Европското првенство. Ериксен сега повторно игра активно фудбал во репрезентацијата и Манчестер Јунајтед.

Во моментот на падот на Гудељ на стадионот завладеа молк, играчите се држеа за глава, а докторите веднаш дотрчаа на теренот. Стануваше јасно за што се работи, па почнаа со реанимација додека неговите соиграчи во солзи следеа што се случува.

По неколку моменти за среќа успеаа да го спасат и да го вратат во живот. Докторот Хозе Бретонс објасни колку ситуацијата била сериозна.

„Ако ова се случеше во некоја друга ситуација, можеби денес немаше да зборуваме за ваков расплет. Немаше пулс пет минути, изгледаше како цела вечност. Масажата и реанимацијата го започнаа неговиот спас, а со два пара дефибрилатори успеавме да го вратиме во живот“, раскажа докторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…