Дома Фудбал Останато Срна со емотивна честитка до Модриќ: Заслужен прв, најдобар, над сите… (фото)

Срна со емотивна честитка до Модриќ: Заслужен прв, најдобар, над сите… (фото)

Играчот на Реал Мадрид и капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ ги живее најдобрите денови во кариерата.

Откако со Русија освои сребро на Мундијалот и наградата за најдобар играч на тој тунрир, вчера во Лондон му беше доделена наградата од ФИФА за најдобар фудбалер во светот за изминатата година.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ќе потсетиме претходно ја освои и наградата од УЕФА за најдобар во Лигата на шампионите.

Ракитиќ, Чорлука, Ловрен, Манџукиќ, Ребиќ, Перишиќ…Сите тие со објави на друштвените мрежи покажаа дека се неверојатни горди на својот капитен.

Модриќ после веројатно најдобрата ноќ во неговата кариера разговараше со поранешниот капитен на Хрватска од кого ја превзема капитенската лента, Дарио Срна.

Срна со повикот се пофали на неговиот Инстаграм профил, а и додаде емотивен опис.

„Лука Модриќ! Заслужено си прв, најдобар, над сите! Сега и секога…Горд сум што ги делевме најдобрите години од мојот живот. Секогаш прв, секогаш на земја, не направи нас поголеми отколку што сме. Така тоа го прават најдобрите! Капа доле гранде!“, напиша Срна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Алегри веднаш ќе му каже ДА на Милан“

Легендарниот тренер Џовани Галеоне, кој му е ментор и многу близок пријател на Масимилиано…