Дома Фудбал Останато Србинот кој играше за Реал Мадрид денес моли за помош: Работи како магационер и тешко живее

Србинот кој играше за Реал Мадрид денес моли за помош: Работи како магационер и тешко живее

Сме биле сведоци и во минатото дека фудбалери кои добро заработувале како играчи подоцна во животот се довеле во тешка финансиска ситуација. Сега во таква ситуација е српскиот поранешен фудбалер Предраг Спасиќ кој своевремено го носеше дресот на Реал Мадрид.

Спасиќ денес има 57 години и работи како магационер и со платата тешко преживува. Беше член на репрезентацијата на Југославија која во 1990 година испадна во четвртфиналето на Светското првенство од Аргентина.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Токму по тој натпревар Реал Мадрид го доведе во своите редови, но за „кралевите“ одигра само 22 натпревари. Автоголот кој си го постигна во „Ел Класико“ е веројатно најпознатиот момент од неговата кариера, а вели дека тој автогол му ја уништил кариерата.

„За се беше виновен еден лош натпревар. Мојот натпревар се промени по тој натпревар со Барселона на „Ноу Камп“. Не сакав да си постигнам автогол, се колнам! Потоа беше страшно…Се сеќавам топката ме удри и влезе во мрежата, во истиот момент посакав да умрам. „Ноу Камп“ ме погреба како играч. Никогаш нема да го заборавам скандирањето на тој стадион: Спасиќ, Спасиќ…Само што доаѓаше од навивачите на Барселона како иронија за автоголот“, се потсети Спасиќ.

Денес тешко живее, а се најавува помош за него откако даде интервју за шпанските медиуми.

„Горд сум, тоа можеби беше мојата грешка. Се затворив во себе и не зборував со никого. Живев во тишина. Ми треба помош во економска смисла. Живеам од ден за ден, во тешка ситуација сум. Мора да бидам силен да надминам се“, порача Спасиќ за шпанските медиуми.

Претходно скоро 30 години го немаше во медиумите. Кога случајот стигнал до Здружението на ветерани на Реал Мадрид стигна и големо ветување за помош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бурни реакција во Србија: Италијанската полиција малтретирала српски новинари среде ноќ без потреба?!

Изминатата ноќ навивачите на Црвена Звезда искажаа поддршка на фудбалерите во Милано, но п…