Дома Трансфер зона Србинот Адем Љајиќ повторно во Серија А?

Србинот Адем Љајиќ повторно во Серија А?

Aдем Љајиќ би можел повторно да заигра во Серија А.

Искусниот фудбалер во минатото настапуваше во Италија, а сега на големо се поврзуваше како „бомбастично“ засилување за Партизан. Сепак, медиумите во Италија пренесуваат дека ситуацијата се променила откако во игра за потпис на Љајиќ влегол тимот на Берлускони, Монца.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Летово Монца веќе доведе 13 фудбалери, целата да се избегне експресно враќање во Серија Б, но славните Берлускони и Галијани за во иднина имаат и поголеми амбиции со овој клуб.

Љајиќ е слободен агент откако му истече договорот со Бешикташ на почетокот на јули и од тогаш е во потрага по нов ангажман. Во претходните денови српските медиуми пренесуваат дека трансферот во Партизан е скоро завршена работа, но сега ситуацијата е поинаква.

Додека е без клуб Љајиќ престојува во Белград каде што индивидуално работи и тренира за да се одржи во форма. Каква одлука ќе донесе ќе дознаеме до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…