Вечерва гледавме историски натпревар – Астон Вила го победи Ливерпул со 7:2!
Ако Манчестер Јунајтед нешто порано изгуби 1:6 од Тотенхем на Ливерпул вечерва му се случи уште поголема катастрофа. Ливерпул за првпат во својата историјата прими седум гола од Астон Вила.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Шоуто започна уште во четртата минута Воткинс погоди за 1:0, а после дваесетина минути зголеми на 2:0. Веќе после половина час игра беше 3:1 стрелаше Мекгин. Воткинс на шест минути пред крајот на првиот дел успеа да постигне хет-трик. Во меѓувреме во 33. минута Салах беше стрелец за Ливерпул.
Ако се очекуваше во второто Ливерпул да тргне во напад и барем да го ублажи поразот се случи спротивното. Вила не се повлече и продолжи да напаѓа. Баркли и Грилиш (два гола) се погрижија Ливерпул да прими седум гола. И вториот гол за Ливерпул беше дело на Салах.
Треба да се спомене дека Вила промаши барем уште 2-3 добри шанси уште повеќе да го посрамоти Ливерпул.