Дома Фудбал Италија Спремен е новиот договор за Ибра, познати деталите

Спремен е новиот договор за Ибра, познати деталите

Златан Ибрахимоиќ има желба да игра и следната сезона, па започна преговари со раководството на Милан за продолжување на соработката.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако има 40 години Ибрахимовиќ не размислува за пензија, особено ако Шведска се пласира на Светското првенство, бидејќи негова желба е да игра во Катар.

Според последните информации ако Ибрахимовиќ сака да игра и следната сезона во дресот на Милан ќе мора да прифати значително намалување на платата. Ибра и понатаму прави разлика на теренот, но без него тимот игра поинаку, побрзо и со повеќе пресинг.

Малдини му дал одврзани раце на Ибра сам да одлучи дали сака да продолжи уште една сезона, а голгетерот му соопштил дека платата нема да биде никаков проблем.

Италијанските медиуми денес ги објавија деталите, па Ибра следната сезона ќе заработува 2 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Додека Зеленортските Острови ја слават нивната историска шанса за влез во втората фаза на …