Дома Фудбал Англија „Специјалниот“ во свој стил: Се надевам дека Биг Сем е наш пријател!

„Специјалниот“ во свој стил: Се надевам дека Биг Сем е наш пријател!

mourinho

Жозе Мурињо потврди дека за натпреварот против Кристал Палас во последното коло од Премиер лигата ќе вклучи неколкумина млади фудбалери.

Кристал Палас во недела ќе гостува на „Олд Трафорд“, само три дена пред финалето од Лигата на Европа во кое Јунајтед ќе игра против холандски Ајакс.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Откако ремизираше против Саутемптон, јасно е дека Манчестер Јунајтед ќе заврши на шестата позиција во Премиер лигата, додека победа против Ајакс во финалето на тимот на Мурињо би му обезбедила и пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

„Ќе ги повикам Деметри Мичел, Скот МекТомини, Аксел Туанзабе, Ерик Бејли. Мети Вилкок истотака ќе биде во тимот, како и Зачари Дерлеј. Се надевам дека Биг Сем ќе се покаже како добар пријател и малку ќе попушти. Нека му кажа на Заха да попушти и нека го остави Бентеке дома. Се надевам нема да игра со полна пареа“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола го нападна Артета: Следниот пат биди појасен

Пеп Гвардиола побара од Микел Артета да престане јавно да ги изнесува навредливите и неосн…