Дома Топ вести Спалети потврди: Кансело и Рафиња нема да бидат откупени!

Спалети потврди: Кансело и Рафиња нема да бидат откупени!

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети ги разочара фановите откако денес потврди дека двајца значајни фудбалери ќе го напуштат тимот.

Жоао Кансело и Рафиња оваа сезона играа во Интер како позајмени фудбалери од Валенсија односно Барселона, а Интер имаше опција да ги откупи нивните договори.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во договорот на Кансело имаше клаузула да биде откупен за 35 милиони евра, додека Рафиња можеше да стане сопственост на Интер за 30 милиони евра.

Двајцата фудбалери одлично се покажаа во дресот на „нероаѕурите“ и дадоа голем придонес во пласманот во Лига на шампиони, но и покрај тоа нема да бидат откупени.

Денес тренерот на Интер, Лучијано Спалети потврди дека клубот нема финансиска моќ да ги задржи во своите редови.

„Кансело и Рафиња се фантастични фудбалери и на тимот му дадоа квалитет и ментална силна. Меѓутоа, во овој момент клубот не може да ги откупи нивните договори. Постојат финансиски параметри кои мораме да ги почитуваме“, потврди Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…