„Случајот Икарди“ се уште е главна тема во Интер и не се на повидок евентуални решенија за решавање на случајот.
Се започна откако раководството на Интер одлучи да му ја одземе капитенската лента и за нов капитен го именуваше Самир Хандановиќ. Иако „нероаѕурите“ не излегоа со официјално објаснување јасно е дека причина за таа одлука е нарушените односи во совлекувалната помеѓу Икарди и дел од соиграчите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После тоа започна вистинска „сапуница“, Икарди одбива да игра и тврди дека е повреден. Иако лекарските прегледи не покажаа повреда на коленото, тој инсистира да оди на операција, а така може да ја пропушти целата сезона.
Италијанските медиуми тврдат дека голгетерот не сака да се врати на терените без капитенската трака, а тренерот Спалети денес му испрати јасна порака на доскорешниот капитен.
„Веќе многу работи беа кажани за Икарди од страна на Марота и Жанг. Отсега па натаму, јас ќе зборувам само за оние што се тука, оние кои се со нас. Нема да зборувам за оние кои не се со нас. Тука се само оние кои се на теренот и кои се грижат за судбината на Интер. Повеќе нема да зборувам за другите“, истакна Спалети.
Се уште не е јасно кога Икарди ќе се врати на терените. Утре Интер му гостува на Каљари и повторно во тимот го нема голгетерот.