Дома Фудбал Италија Спалети: Икарди е најдобриот кој некогаш сум го тренирал

Спалети: Икарди е најдобриот кој некогаш сум го тренирал

Тренерот на Интер, Луциано Спалети тврди дека Мауро Икарди е најдобриот фудбалер кој некогаш го тренирал.

Иако во кариерата ги тренираше напаѓачите како Франческо Тоти, Виченцо Монтела, Един Џеко, Спалети тврди дека Икарди е најдобриот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За него има комплименти кој не се среќаваат често во светот на фудбалот.

„Икарди е врвен играч, врвен финишер. Знае каде треба да биде, знае да даде гол. Точно знае каде ќе дојде топката. Тој е најдобриот кој сум го тренирал. Тој е убиствен.“ – изјави Спалети.

Аргентинскиот напаѓач оваа сезона  одигра 32 натпревари во Серија А и постигна 28 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Александар Исак си ја скрши ногата, Ливерпул бара нов напаѓач. Еве четири потенцијални засилувања

Кога Александер Исак ја прими топката од Флориан Вирц и постигна погодок на стадионот на Т…