Дома Фудбал Италија Спалети: Ако за натпревар се спремаме како Барса ќе губиме по 18:0

Спалети: Ако за натпревар се спремаме како Барса ќе губиме по 18:0

Moжеби и најдобро опишана разлика во пристапот.

Лучијано Спалети го дефинираше италијанскиот менталитет пред натпреварот со Барселона, односно реваншот на „Џуезепе Меаца“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Јасно е дека поседот не можеме да им го одземеме, тие така и прават екипа, мораме да играме поинаку, во спротивно би биле во проблем“, смета Спалети.

Сепак, од едно нешто Спалети бил посебно изненаден.

„Забележав на „Ноу Камп“ дека излегоа да се загреваат десет минути пред натпреварот. Мислев дека претходно се припремале некаде на друго место и дека имаат терен во внатрешноста на стадионот. Но играчите ми кажаа дека немаат. Некои од моите фудбалери ми објаснија дека се собираат пред почетокот, ги зимаат децата од училшите и стигнаа директно на натпреварот. Доколку ние би се припремале на тој начин би изгубиле 18:0, тоа прашање на менталитет“, изјави Спалети.

Потоа Италијанецот доби прашање за Меси и шампионскиот тим на Мурињо од 2010 година која Интер ја освои Лигата на шампионите, Серија А и Купот на Италија

„Што сакате да ви кажам? Се молам да не игра, многу се силни без него“

„Немојте, ќе победиме на два натпревари и веднаш не споредувате со тој тим, тие свети чудовишта на овој клуб се уште се недостижни за нас во овој момент“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бомба од Олд Трафорд! Керик носи играч од средниот ред за 80 милиони евра!

Многу е веројатно дека Манчестер Јунајтед следната сезона сепак ќе игра во Лига на шампион…