Дома Фудбал Англија Сон: Поради Парк навивав за Манчестер Јунајтед

Сон: Поради Парк навивав за Манчестер Јунајтед

Сон Хонг Мин е еден од најдобрите играчи на Тотенхем.

Сега иако настапува во дресот на „петлите“, призна дека во младоста навивал за Манчестер Јунајтед.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Навивав за Манчестер Јунајтед, а причината беше затоа што мојот сонародник Парк Џи-Сунг играше за нив. Парк е национален херој. Во Кореја за него ќе ви кажат дека има две срца. Сега е мој добар пријател. На некој начин тој ми ја отвори врата на Премиер лигата. Тогаш го поддржував Манчестер Јунајтед, сега секако тоа не е случај. Целосно сум посвете на Тотенхем“, изјави Сон.

Одличниот репрезентативец на Јужна Кореја е под знак прашалник за натпреварот против Челзи во в недела затоа што при обврските за репрезентацијата заработи повреда.

Лондонското дерби е закажано за в недела од 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еве колку ќе заработува Салах со новиот договор во Ливерпул

Лiиверпул денеска потврди дека го продолжил договорот со египетскиот напаѓач Мохамед Салах…