Манчестер Јунајтед се наоѓа во многу тешка ситуација на табелата во Премиер лигата.
На две кола пред крајот на првенството „црвените ѓаволи“ имаат три бода помалку од четвртопласираниот Челзи и се наоѓаат на шестата позиција, за викендот ќе играат против веќе испаднатиот Хадерсфилд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Низ медиумите голем број играчи се поврзуваат со доаѓање на „Олд Трафорд“, а тие гласини секако стигнуваат и до Оле Гунар Солскјер кој пред натпреварот за викендот имаше коментар на оваа тема.
„Јас сум тој кој ќе го последниот збор околу тоа кој ќе остане, а кој ќе дојде. Имаме регуларни состаноци. Задоволен сум од начинот на кој се одвиваат работите.
Треба да доведе 250 играчи бидејќи сите вие (медиумите) пишувате за разни играчи кои треба да ги купиме“.
„Во некој подолг план мислиме на Лигата на шампионите. Мислам дека можеме да се најдеме таму и наредната сезона, а можеби и нема да се најдеме, но би биле шокирани ако знаете колку агенти на нас ни ги нудат своите играчи. Ни зборуваат дека нивните играчи сакаат да играат за Манчестер Јунајтед поради големината на клубот. Сите знаат дека ќе се вратиме на победничките патеки“, изјави Солскјер.
Манчестер Јунајтед оваа сезона во Лигата на шампионите стигна до четвртфиналето, до таа фаза стигна и во ФА Купот, а во Лига Купот настапот го заврши во 1/16 финалето.