Дома Фудбал Англија Солскјер убеден дека Јунајтед го има новиот Роналдо

Солскјер убеден дека Јунајтед го има новиот Роналдо

Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер е убеден дека во неговиот тим има играч кој може да го достигне нивото на Кристиано Роналдо.

Маркус Рашфорд игра фантастично оваа сезона за Манчестер Јунајтед и веќе постигна 13 голови, од кои десет во Премиер лигата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Солскјер верува дека Рашфорд би можел да стане како Роналдо, кој се етаблираше токму во Манчестер Јунајтед, каде освои три титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампиони.

„Многу е лесно да се споредат овие двајца. Ги имате истите способности, обликот на телото, карактеристиките, однесувањетo. Рашфорд ја има секоја можност на овој свет да стане врвен играч. Да се ​​надеваме дека така ќе продолжи“, истакна Солскјер.

„Не сакам да зборувам за бројот на голови. Се додека тој продолжува да игра вака и е директен и размислува само за постигнување голови и создавање можности, тогаш ќе постигне голови“, додаде Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тренирал со Роналдо и Пјаниќ, денес на 26 години работи на градежништво: „Не се срамам“

Ќендрим Камерај е роден во Луцерн (Швајцарија), но потекнува од Косово. Играл за сите млад…