Оле Гунар Солскјер на лето има план да направи неколку промени во екипата на Јунајтед за клубот конечно да се врати на врвот во европскиот фудбал.
Англиските медиуми денеска објавија дека Солскјер веќе имал разговори со челниците на клубот околу тоа колку пари ќе има на располагање ова лето.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Норвешкиот стручњак нема намера драстичо да ја менува екипата туку сака да донесе тројца нови играчи, но за нив ќе треба да издвои дури 300 милиони евра.
Челниците на клубот му ветиле големи инвестиции на лето, па се чини дека нема да биде проблем да ги исполнат желбите на Солскјер.
Прв на листата засилувања е стоперот на Севиља, Кунде кој има вредност од околу 90 милиони евра. Покрај него тука е и Санчо кој веќе од поодамна се поврзува со Јунајтед.
Се чини дека ова лето Санчо конечно ќе пристигне на Олд Трафорд, а неговиот трансфер ќе чини околу 100 милиони евра. Исто така, на листата со желби е и Ерлин Халанд, за кој летоска ќе се бара околу 100 милиони евра.
Можниот состав на Јунајтед за наредната сезона: Де Геа, Ван Бисака, Кунде, Мегваер, Шо, Мектоминеј, Погба, Фернандеш, Санчо, Рашфорд, Халанд.