Дома Фудбал Англија Солскјер: Се виде зошто тие се на врвот, а ние тука каде што сме

Солскјер: Се виде зошто тие се на врвот, а ние тука каде што сме

Манчестер Јунајтед на свој терен не успеа да го победи Сити во градското дерби и вчера на „Олд Трафорд“ беа поразени со 0:2.

Така е продолжена негативната низа на „црвените ѓаволи“ и сега веќе е извесно дека нема да ги гледаме во Лигата на шампионите наредната сезона, додека Сити во последните три кола од пол позиција и со лесен распоред ќе води борба со Ливерпул за шампионската титула.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


После натпреварот менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека во натпреварот се видела разликата во квалитет.

Постои јасна разлика во квалитет. Затоа тие се на врвот, а ние тука каде што сме. Поставија стандардни, а живејќи во Манчестер не можеме да бидеме среќни со ваква ситуација. На нас е да ја намалиме таа разлика и да ги поминеме“, изјави Солскјер.

Норвежанецот потоа ги коментираше примените голови.

„Играчите покажаа дека сакаат, се виде дека им значи да го завршиме натпреварот со добар резултат, но тоа не беше доволно. За жал примивме два гола и не можевме ништо да направиме. Се уште сме во игра за тоа четврто место. Знаеме дека мораме да бидеме подобри и очекувам подобро да играме против Челзи за викендот“, порача Оле Гунар Солскјер.

На три кола пред крајот на првенството Манчестер Јунајтед е шести на табелата. „Црвените ѓаволи“ со освоени 64 бода имаат три помалку од Челзи кој е на позицијата која води во Лигата на шампионите.

Меѓусебниот натпревар на овие тимови е во недела, а до крајот на сезоната Јунајтед ќе гостува кај Хадерсфилд и го пречекува Кардиф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…