Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гинер Солкјер на пресконференцијата пред дуелот со Њукасл очекувано зборуваше за Кристиано Роналдо.
Солскјер истакна дека Роналдо има позитивен ефект кон сите во тимот кои сега немаат простор да не даваат 100% од себе на тренинзите и натпреварите.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Сите сме среќни со неговото враќање. Имаше добра претсезона и добра подготовка, па е спремен за игра. Тој живее многу дисциплинирано и е неверојатен професионалец. Знаеме што се постигна на Олд Трафорд, но сака да постигне уште повеќе“.
„Прв доаѓа на тренинзите и ќе има позитивен ефект кон целиот тим. Сега нема место некој да се крие или даде само 95% од себе си на тренинзите. Кристиано тоа го бара од себе, но и од останатите“, изјави Солскјер.