Дома Фудбал Англија Солскјер: Разочарани сме, можевме да освоиме три бода против силен тим

Солскјер: Разочарани сме, можевме да освоиме три бода против силен тим

Meнаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер жали за пропуштените шанси во денешниот меч против Лестер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во интересен  натпревар Манчестер Јунајтед и Лестер одиграа 2:2 и ги поделија бодовите. „Црвените ѓаволи“ на два пати водеа, а „лисиците“ два пати изедначуваа.

„Разочаран сум што не победивме, имавме многу шанси. Лестер е силен тим и денес покажаа дека се квалитетни. Не чека нов натпревар за три дена. Имаме еден ден да се опоравиме и да го искористиме мудро. Бодот не е најлош резултат, но разочарани што имавме прилика и не ги освоивме сите три“, изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед е трет на табелата во Премиер лигата со 27 бодови, еден бод помалку од Лестер кој има и натпревар повеќе. Во наредното коло „црвените ѓаволи“ ќе играат против Вулвс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…