Дома Фудбал Англија Солскјер после поразот: Јас погрешив

Солскјер после поразот: Јас погрешив

Манчестер Јунајтед денес доживеа болен пораз на гостувањето кај Лестер со 4:2.

После мечот менаџерот Солскјер ја презеде вината за поразот. Тој призна дека погрешил со одлуката да го стави во тимот Хари Мегваер, кој не е во оптимална кондиција после повредата.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Јас сум тој што ги носи одлуките за тимот што ќе игра, денеска Мегваер не беше на посакуваното ниво, па изледа дека згрешив што почнавме со него. Кога ќе примите четири гола, очигледно е дека донесов лоша и погрешна одлука. Во последно време не сме во посакувана форма, загубивме премногу бодови и мора да направиме анализа“, истакна Солскјер.

„Кога ќе го погледнете реално натперварот, примивме четири многу лоши голови, со наши лоши реакции. Со начинот на кој игравме, не заслуживме да ја продолжиме рекордната серија на гостински терен која завршува на 29 натпревари“, додаде Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…