Оле Гунар Солскјер е свесен за слабата сезона на Манчестер Јунајтед и потенцираше дека работите не како на „Фудбал Менаџер“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Солскјер кон крајот на 2018 година го наследи Жозе Мурињо на клупата на Манчестер Јунајтед и имаше старт од соништата, но „црвените ѓаволи“ влегоа во уште поголема криза отколку кога Мурињо беше во клубот.
Навивачите се посебно разочарани затоа што нивниот клуб нема да игра во Лигата на шампионите наредната сезона, а во финалињата на европските натпреварувања ќе играат четири англиски тима, Арсенал, Ливерпул, Челзи и Тотенхем.
„Мораме да бидеме паметни, да продолжиме да се бориме и да веруваме во младите сили. Овој клуб огромен и секако нас ќе не критикуваат кога ќе добијат прилика. Имаше подеми и падови во изминатите два месеци, но таков е фудбалот“, изјави менаџерот на клубот Оле Гунар Солскјер:
„Не е како да играте „Фудбал Менаџер“. Морате да се носите со различни работи и надвор од фудбалот, но уживав. Тоа е голем предизвик“, порача Норвежанецот.