Дома Фудбал Англија Солскјер за трансферите: Можеби двајца, тројца ќе си заминат

Солскјер за трансферите: Можеби двајца, тројца ќе си заминат

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер изјави дека најверојатно нема да има нови засилувања на „Олд Трафорд“ во јануари.

Меѓутоа, менаџерот на „црвените ѓаволи“ исто така потврди дека двајца тројца фудбалери ќе си заминат во овој преоден рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислам дека засилувањата кои ги донесовме во летото одлично го засилија тимот. Донесовме добри играчи, добри карактери. Во јануари секогаш е тешко на пазарот, нема многу клубови кои сакаат да продаваат во јануари. Малку е веројатно дека ќе дојде некој нов, можно е двајца-тројца да си заминат во овој преоден рок“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Конте и Наполи се договорија

Како што пренесуваат италијанските медиуми Антонио Конте од следната сезона ќе седне на ко…