Пандемијата од коронавирусот донесе големи финансиски загуби кај фудбалските клубови, но Манчестер Јунајтед е финансиски стабилен и ќе има огромен буцет за трансфери ова лето.
Англиските медиуми тврдат дека Соскјер има четири мети и дека е спремен ова лето да потроши неверојатни 250 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прва мета е Калиду Кулибали од Наполи. ПСЖ се откажа од дефанзивецот и сега Манчестер Јунајтед е во пол-позиција за неговиот потпис. После просечната сезона во Наполи неговата цена во моментов изнесува околу 70 милиони евра.
Најголемата желба е Џадон Санчо, меѓутоа Борусија не брза да го продаде, па и понатаму инсистира на 100 милиони фунти. Сепак, Јунајтед се надева дека поради новонастанатата ситуација ќе успее да ја намали цената на фудбалерот.
Тука е и Џек Грилиш, офанзивниот играч за врска на Астон Вила. „Црвените ѓаволи“ и понатаму се заинтересирани за капитенот на Вила, а за неговиот трансфер ќе биде неопходно да издвојат околу 80 милиони евра.
Четвртиот фудбалер кој треба да пристигне на „Олд Трафорд“ е напаѓачот на Лион, Муса Дембеле. За неговиот потпис „црвените ѓаволи“ ќе треба да платат 50 милиони евра.