Maнчестер Јунајтед наредната сезона нема да игра во Лигата на шампионите.
Со ремито против Хадерсфилд (1:1) „Црвените ѓаволи“ останаа без можност во последното коло да се изборат за пласман помеѓу најдобрите четири тима.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот тренерот Оле Гунар Солскјер изјави дека ова е и тоа како болно, но дека мора да се продолжи понатаму.
„Секогаш боли кога нема да победите. Креиравме шанси, игравме офанзивно, имавме вистински пристап и моравме да постигнеме повеќе голови. Кога примивме гол, не успеавме да постигнеме втор гол, а во ваква атмосфера не успеавме да го подигнеме нивото на игра“.
„Ни недостасуваше многу концентрација оваа сезона, посебно кога изведувавме прекини, не се враќаме брзо назад и тоа често пати скапо го плаќаме. Денес како што кажав креиравме повеќе шанси, но сега е доцна за се. Мораме да продолжиме понатаму“, изјави Солскјер.
Потоа следуваше интересно прашање од новинарот.
„Дали си вистинскиот човек за оваа работа?“.
„Да, секако да сум“, гласеше одговорот на Солскјер.