Манчестер Јунајтед не ја отвори најдобро сезоната, па Солскјер и играчите трпат големи критики.
Јасно е дека „црвените ѓаволи“ ќе мораат да се засилат во јануарскиот преоден рок доколку сакаат да завршат во Топ 4 на крајот на сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медиумите на Островот пренесуваат дека Солскјер добил буџет од 90 милиони фунти и ќе го потроши на две засилувања.
Норвежанецот сака да го доведе играчот за врска на Њукасл, Шон Лонгстаф и напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.
Двајцата фудбалери се поврзуваа со Јунајтед и изминатото лето. Меѓута, конкретни понуди немаше, но овие трансфери би требало да се случат во јануари.
Солскјер призна дека сигурно ќе донесе напаѓач во јануари, а со оглед на проблемите на средината на теренот ќе инсистира да му биде донесен и Лонгстаф, кој е негова голема желба.