Дома Фудбал Англија Солскјаер за зборовите на Роналдо кога пристигнал во Манчестер: Сите мислевме дека е луд

Солскјаер за зборовите на Роналдо кога пристигнал во Манчестер: Сите мислевме дека е луд

Легендарниот напаѓач на Манчестер, Оле Гунар Солскјаер по повод враќањето на Роналдо на „Олд Трафорд“ во дресот на Јувентус се потсети на неговите почетоци во Манчестер Јунајтед.

Вечерва во рамките од третото коло во Лигата на шампионите ќе се сретнат Манчестер Јунајтед и Јувентус и тоа сигурно е натпревар кој љубителите на фудбалот со нетрпение го исчекуваат

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


За Солскјаер Јувентус е главниот фаворит за освојувањето на титулата во Лигата на шампионите, а како причина го наведува ангажманот на Кристиано Роналдо.

Сега, Солкајер откри што Роналдо им зборувал кога пристигнал во Манчестер.

„Дојде во Англија кога беше само дете, но од самиот почеток ни зборуваше дека ќе биде најдобар, сите мислевме дека лут, но на крајот времето покажа дека ја зборувал само вистината. Никогаш не сум сретнал професионалец како него, токму поради тоа Фергусон го обожаваше“.

„Дали Јувентус е фаворит за титулата во Лигата во шампионите? Да, кога го имате Роналдо во тимот ммора да сте и фаворити“, изјави Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар со гол од пенал во 97. минута ја урна храбрата Брера (Видео)

Фудбалерите на Брера, одиграа одличен натпревар на гости кај Вардар во Скопје, но на крајо…