Дома Фудбал Солари: Ги жалам оние кои сега сфатија каков играч е Бензема

Солари: Ги жалам оние кои сега сфатија каков играч е Бензема

Тимот на Реал Мадрид ја победи Џирона и така го обезбеди пласманот во полуфиналето на Копа Дел Реј.

Главна ѕвезда на овој натпревар за Реал беше Карим Бензема кој во победата од 3:1 постигна два погодоци и ја потврди одличната форма во која се наоѓа на последните натпревари.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Бензема долго време добиваше критики за својата неефикасност и до пред некое време веројатно поголемиот дел од навивачите на Реал Мадрид посакуваа да биде продаден.

Но, сега откако неодамна доби пофалби од својот соиграч Лукас Васкез, после натпреварот со Џирона Бензема доби и големи пофалби од Сантијаго Солари.

„Ги жалам оние што дури сега сфатија каков играч е Бензема. Сепак, никогаш не е доцна и можат да ни се приклучат на нас од другата страна и заедно да се радуваме на неговите погодоци и настапи. Бензема е голем играч и еден од најдобрите во светот и верувам дека сега сите кои не следат го знаат тоа“, изјави Солари.

https://www.youtube.com/watch?v=8bvA40Mu-Go

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета по триумфот над Реал: Исклучително сум горд на моите момци

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, изјави дека е исклучително горд на својо…