Дома Фудбал Останато Со еден потег го седна тревникот: 16 годишниот Фати понижи играч од првиот тим на Барселона (ВИДЕО)

Со еден потег го седна тревникот: 16 годишниот Фати понижи играч од првиот тим на Барселона (ВИДЕО)

Барселона вчера на свој терен го совлада Бетис со 5:2.

Каталонците за овој натпревар имаа големи проблеми со повредените играчи затоа што Меси, Суарез и Дембеле не беа во конкуренција за настап.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ернесто Валверде поради тоа во тимот го смести 16 годишниот Анса Фати, тој во игра влезе во 78-та минута и така стана вториот најмлад играч кој заиграл за каталонскиот тим.

Производот на „Ла Масија“ веќе денес тренираше со првиот тим на Барселона и одново покажа дека се работи за голем талент.

Имено, Фати одеше кон голот и пред него застана Иван Ракитиќ. Тогаш Фати со еден одличен потег го исфрли Хрватот кој заврши на тревникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатно: Барселона можела да го изгуби Јамал и тоа за за пет милиони евра – еве кој клуб ја пропуштил шансата!

Ламин Јамал, кој е еден од најдобрите играчи на денешницата и главен кандидат за “Зл…