Новото засилување на Рома, Крис Смолинг го одигра целиот меч со Аталанта на Олимпико и заклучи дека во Италија нема лесни натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Смолинг ова лето пристигна од Манчестер Јунајтед на едногодишна позајмица и направи споредба помеѓу Премиер лигата и Серија А.
„Добив впечаток дека во Италија нема лесни натпревари. Изгледав доста од италијанското првенство, уште пред да дојдам тука, а секако и откако дојдов. Овде секој натпревар е тешка битка. Тоа е за мене предизвик кој го прифаќам“, изјави Смолинг.
„Мечот против Аталната беше мојот прв официјален натпревар оваа сезона и после 70 минути почувствував замор. Мислам дека веќе од следниот натпревар ќе биде подобро“, изјави дефанзивецот.