Се погласно се најавува заминување на Холанѓанецот Макс Ферстапен од Формула 1, а се започна по секс-скандалот во кој беше вмешан шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.
Легендата на Формула 1, Џони Херберт тврди дека има информации на оваа тема. Според неговите зборови, Ферстапен е блиску до договор со Мерцедес каде што би пристигнал како замена за Хамилтон кој од наредната сезона ќе вози за Ферари.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Според мои извори, Ферстапен е блиску да замине, а слушнав дека Мерцедес е блиску да го договори“, изјави Херберт.
Останува да видиме во наредниот период каква ќе биде ситуацијата, меѓутоа очигледно освен заминмувањето на Хамилтон наредната сезона би можеле да видиме и уште една голема промена.