Дома Топ вести Случајот Кутињо ја „подели“ соблекувалната на Барса!

Случајот Кутињо ја „подели“ соблекувалната на Барса!

Бразилската ѕвезда на Барселона, Филипе Кутињо синоќа одигра многу лош натпревар и се најде на мета на критичарите.

Најскапото засилување во историјата на Барселона ја загуби топката точно 17 пати и остави впечаток дека игра без мотив и желба. Според каталонските медиуми ситуацијата со Кутињо ја „подели“ соблекувалната на Барселона.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Кутињо не е на нивото од минатата сезона и Дембеле се позиционира повисоко од него“, изјави помошникот на Валверде, Јон Аспиасу.

Според „Кадена Копе“, агентите на Кутињо, Киа Јорабчијан и Џулиано Бертолучи веќе стапиле во контакт со шефовите на клубот за да го изразат своето незадоволство. Раководството исто така е незадоволено што Бразилецот не игра редовоно, а беше платен 160 милиони евра.

Во моментов тренерот Валверде претпочита да игра со тројца фудалери во средниот ред, а предност им дава на Артуро Видал и Артур. Додека во нападот за Кутињо нема место бидејќи во моментов одлично функционира триото Меси, Суарез и Дембеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал може да го спреми сигурниот трансфер на Арсенал

Иако трансферот на Мартин Субименди во Арсенал се сметаше за сигурен, во последен момент п…