Дома Фудбал Останато Славниот Едгар Давидс заработи црвен картон на дебито за новиот клуб

Славниот Едгар Давидс заработи црвен картон на дебито за новиот клуб

Поранешниот холандски играч за врска Едгар Давидс неславно ја започна епизодата на клупата во португалскиот третолигаш Олханенсе.

Давидс после долго време се врати на тренерската работа. Тој ја прифати понудата на Олханенсе, а вчера неговиот тим одигра 0:0 против Лустијано Еворе.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На дебито нервозниот Давидс заработи исклучување. Му приговараше на судијата после неколку стартови, а тој му покажа црвен картон. После натпреварот Давидс одби да даде било каква изјава за медиумите па објаснување за оваа негова постапка изостана.

Ќе потсетиме Давидс е вистинска легенда во европскиот фудбал, во неговата богата кариера играше за: Ајакс, Милан, Јувентус, Барселона, Интер, Тотенхем, Кристал Палас и Барнет.

Токму во Барнет го имаше првото тренерско искуство и го водеше овој тим од 2012 до 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За спектакуларната кореографија против Лил Звезда заработи казна!

Европската фудбалска федерација донесе одлука за казнување на Црвена ѕвезда поради случува…