Дома Топ вести Скриниар на чекор од трансфер во ПСЖ

Скриниар на чекор од трансфер во ПСЖ

Италијанските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар е на чекор од трансфер во ПСЖ.

Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос го посочи како приоритет доведувањето на Скриниар и започна преговори со Интер.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и се спремни да продадат најмалку една своја ѕвезда, а најверојатно тоа ќе биде Скриниар.

Првата понуда од 50 милиони евра експресно беше одбиена, бидејќи Интер за слободата на дефанзивецот бара 70 милиони евра.

ПСЖ сега испрати нова понуда од 60 милиони евра плус бонуси и двата клуба се блиску до договор.

Според информациите дефанзивецот веќе се договорил со „светците“ за петгодишна соработка и плата од 7,5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…