Дома Фудбал Англија Сколс со критики до Солскјер: Се надевам дека тоа повеќе нема да го гледаме

Сколс со критики до Солскјер: Се надевам дека тоа повеќе нема да го гледаме

Манчестер Јунајтед во сабота на Боксинг деј гостуваше кај Лестер, каде освои бод (2:2), а лесно можеше да дојде до сите три.

Евидентно е дека Јунајтед ја подигна формата, па малку недостасуваше на гостувањето кај Лестер да го освои трите бода. Во завршницата на натпреварот Јунајтед со автогол ја прокоцка победата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Она што Пол Сколс посебно го налути е тоа што Виктор Лиденлоф како стопер играше на позицијата десен бек.

„Мислам дека повеќе нема да го видиме. Се надевам дека нема да го видиме. Мора да постои некоја подобра опција.“ – рече Сколск кој смета дека Солскјер погреши што во првите 11 не ги стави Погба и Кавани.

„Беа подобри кога ги направија измените. Мислам дека најдобрите играчи останаа на клупата. Кавани влезе, беше одличен, Погба исто така направи голема разлика. Гринвуд остана на клупата. Мислам дека Јунајтед не е во позиција најдобрите играчи да ги остава на клупата.“ – додаде Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пет фудбалери денеска се збогуваат со Челси

Вкупно пет играчи ќе се збогуваат од „Стамфорд Бриџ“ поради истекување на нивните договори…