Дома Фудбал Англија Сколс: Лингард ми кажа дека атмосферата во Јунајтед не е добра

Сколс: Лингард ми кажа дека атмосферата во Јунајтед не е добра

Манчестер Јунајтед можеби ја поправи сликата од ужасното издание против Ливерпул, но повторно беше поразен во дерби натпреварот против Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јунајтед загуби против Арсенал со 3:1, можеа „црвените ѓаволи“ да изедначат на 2:2, но не ги искористија шансите при 2:1 водство за домаќините. Пол Сколс е еден од критичарите на Рагник уште од моментот кога Германецот седна на клупата, а сега откри дека атмосферата во Јунајтед не била добра.

„Ќе ви откријам еден разговор од пред неколку дена. Разговарав со Лингард и се надевам дека нема да ми се налути што ќе го кажам ова. Ми порача дека атмосферата во соблекувалната е катастрофална“, изјави Сколс.

После од Арсенал Јунајтед е ставен во тешка позиција во борбата да се избори за место во ЛШ наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Садио Мане заврши со репрезентацијата!

Откако репрезентацијата на Белгија го исфрли Сенегал, се огласи и Садио Мане. Како ПАМЕТНО…