Во моментите кога бурата околу потенцијалното заминување на Мурињо малку стивна после победата над Њукасл се огласи веројатно најголемиот критичар на Мурињо – Пол Сколс.
Сколс претходно два пати јавно го критикуваше менаџерот на Манчестер Јунајтед, а сега го направи и тоа по трет пат, но овој пат со индиректна изјава.
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед од средината на теренот зброуваше за учинокот на Алексис Санчез кој е најплатенито фудбалер во Премиер лигата со 400.000 фунти неделно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сигурен сум дека Санчез е квалитетен играч, но за мене тој не е фудбалер за Манчестер Јунајтед. Често пати знае да биде себичен и да игра за себе, кога јас би бил во клубот никогаш не би го купил, посебно не за толкава сума. Не знам што се случувало во клубот и како стојат работите, но вака ми изгледа дека го купивме само за тој да не заврши во Манчестер Сити“, изјави Сколс.
Секако, ова е индиректна критка за Жозе Мурињо кој вршеше притисокот на раководството да се доведе Чилеанецот.
За крај Сколс се обиде сликовито да објасни колку овој Јунајтед лош.
„Од она што го гледам добивам впечаток дека сите фудбалери кои доаѓаат кај нас се мачат. Мислам дека и Меси да го доведеме и тој ќе се мачи“, заврши Сколс.
Манчестер Јунајтед во викендот кој е пред нас го очекува дербито против Челзи.