Дома Актуелно Скандалот добива поголеми размери: Покрај ПСЖ и Манчестер Сити лажирал документи!

Скандалот добива поголеми размери: Покрај ПСЖ и Манчестер Сити лажирал документи!

man city

Баш како и ПСЖ (тука) и Манчестер Сити, мамел кога е трошењето на пазарот во прашање.

„Фудбал Ликс“ тврди дека и Манчестер Сити го прекршил финансискиот фер плеј. Имено „граѓаните“ сокриле дури 30.74 милиони евра трошоци од УЕФА. Покрај тоа овој клуб се заканил дека ќе ги ангажира најдобрите 50 адвокати во светот за да ја тужи организацијата во наредните 10 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од споменатиот медим наведуваат и дека имаат документи според кои сегашниот претседател на ФИФА, а тогашен генерален секретар, Џани Инфантино тајно се сретнал со претставниците на Сити во Манчестер и додека преговорите за казнување биле во тек.

Сити заедно со ПСЖ е обвинет за кршење на правилата на ФФП во сезоните 2011/2012 и 2012/2013. Тие тогаш објавиле вкупна загуба од 150 милиони фунти што е далеку од она што правилата на УЕФА го дозволуваат. Како резултат на тоа во 2014 се парично казнети со 49 милиони фунти, но таа сума подоцна беше намалена.

„Дер Шпигел“ открил што резвизорите во Манчестер таа година дознале. Тие патот во Манчестер го оцениле како „тотална катастрофа“, а пронашле 84% дополнителен комерцијален приход преку спознор од Абу Даби.

Документите исто така покажуваат дека три од четири договори кои овој клуб ги потпишал со компаниите од Абу Даби биле значително „преценети и тоа за дури 80% повеќе од реалната вредноста. Дури утврдиле и дека два спонзори биле поврзани со физички лица што значи дека Сити „вештачки“ впумувал пари во клубот.

infatino

Тие наведуваат дека Инфантино ги надгледуваал ревизорите во Манчестер во соработка со извршниот директор на Манчестер Сити, Феран Сориано кои помеѓу другото договорил состанок на адвокатите на „граѓаните“ и адвокатите на УЕФА. На тој состанок клубот добил предлог „пријателско решение“. Исто така се тврди и дека Инфантино редовно бил во контакт со луѓето од Манчестер и дека им пренел дека би можело да дојде до казна.

Меѓутоа сопственикот на Манчестер Сити, Калдон Ал Мубарак ја одбил идејата за парична казна и одговорил дека попрво би потрошил 30 милиони фунти на најдобрите 50 адвокати за тужба во наредните 10 години.

Тогашниот претседател на УЕФА, Платини објаснил дека разговарал со Патрик Виера, тогашен член на Сити, кој му кажал дека Манчестер мора да му верува. Откако Сити ја добил паричната казна, Сориано бесно одговорил дека тоа нема да влијае на нив. Следувал заплет кога Жан Луц кои го водел тимот од седум истражувачи починал поради болест на почетокот во 2014 година.

Од Сити јасно целосно ги отфрлуваат обвинувањата.

„Нема да даваме коментари на хакирани материјали кои се извлечени од контекс или се украдени од фудбалската група на Сити. Ова е јасен обид да се наруши репутацијата на клубот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…