Дома Луд Спорт Скандал со наместени натпревари во Конференциска лига, сомнителен и дуелот на Македонија ЃП

Скандал со наместени натпревари во Конференциска лига, сомнителен и дуелот на Македонија ЃП

Светските букмејкери наводно обвинуваат за два наместени натпревари од реваншите од воведното коло во УЕФА Конференциската лига, јавува, Полската Национална телевизија.

Еден од овие два спорни натпревара е мечот на македонскиот претставник Македонија Ѓорче Петров против РФС во Рига. Вториот дуел кој се споменува е Арсенал Тиват и Алашкерт од Ерменија

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Според информациите 250.000 евра биле уплатени на мечот, а меѓу другото дека ќе паднат и два гола во првото полувреме, а до 35-та минута мечот беше во егал со почетниот резултат 0-0. Алашкерт даде два гола и тоа во 40-та и во првата минута од судиското надополнување, а на крајот Ерменците победија со 6-1.

Обложувалниците исто така реагирале на високите уплати кои стигнале за мечот РФС – Македонија ЃП. Се споменуваат енормно високи уплати на победа на РФС со два гола разлика, како и многу високи уплати на 3+ голови во второ полувреме и на 5+ голови во текот на сите 90 минути. Мечот во Рига заврши со резултат 4:1 (1:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…