Поранешниот светски шампион во Формула 1 Кими Раиконен, го украде шоуто на гала вечерта на Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА), која се одржа во Русија.
На гала вечерта на доделувањето на признанијата за најдобрите во изминатата година, Финецот се најде во центарот на вниманието бидејќи беше „мртов“ пијан.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Кога требаше да ја прими наградата заедно со Германецот Себастијан Фетел, Раиконен излезе на бина пијан, не знаеше каде да оди, додека сите останати се смееја на неговите интересни гестикулации.