Дома Фудбал Англија Скандал: Преслушкувана соблекувалната на Манчестер Јунајтед

Скандал: Преслушкувана соблекувалната на Манчестер Јунајтед

Сериозен скандал го тресе англискиот фудбал по протекувањето на снимка од соблекувалната на Манчестер Јунајтед пред нивниот натпревар од последното коло во Премиер лигата против Астон Вила

Островските медиуми сега пренесуваат дека соблекувалната на Манчестер Јунајтед на овој натпревар била озвучена на два дена пред натпреварот кој беше игран на 6 октомври.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Сан“ пренесува дека сторителот тоа го направил за да го сними говорот на Тен Хаг кон фудбалерите.

„Ова е шокантно прекршување на безбедноста и ќе доведе до сериозни прашања за тоа како било дозволено да се случи нешто вакво. За среќа, овој инцидент не бил со цел да наштети. Тоа е само навивач на тимот, шегаџија, кој сакал да слушне што се случува зад четирите ѕида на тимот и какви инструкции се даваат. Но, ова дефинитивно е причина за загриженост, бидејќи некој успеал да се провлече во соблекувалната на еден од најголемите тимови во Премиер лигата ден пред натпреварот“, коментира анонимен извор за весникот „Сан“.

Во материјалот дополнително се наведува дека новинарите од изданието ги слушнале снимките и знаат што е кажано на нив, но свесно одлучиле да не објавуваат делови за да не ја нарушат доверливоста на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познат фаворитот за наследник на Тен Хаг

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…