Голем ceкc cкандал го тресе англискиот премиерлигаш Челзи.
Англискиот гигант го отпушти маркетинг директорот, Демијан Вилоби кој на оваа функција дојде пред само еден месец. Причината за отказот се недоличните пораки кој тој ги испраќал на фудбалската агентка Каталина Ким.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ова е случај од пред неговиот ангажман во Челзи, но новиот газда не сака клубот да биде поврзуван со негативни теми и затоа веднаш го отпушти.
Во јавноста се откриени и дел од пораките.
„Испрати ми слика, јас сум гол, дојди во Лондон да бидеме палави“, гласела една од пораките.
„Неодамна до клубот пристигнаа докази за недоличните пораки од господинот Вилоби пред тој да биде ангажиран во Челзи…И покрај тоа што станува збор за случај пред неговиот ангажман во клубот ваквото однесување е спротивно од темелите на клубот и работната култура која ја естаблираме“, објавија од Челзи.