Голем скандал го тресе англискиот фудбал откако „Сан“ објави дека Англичанец од Премиерлигата бил фатен како шмрка кокаин во тоалетот на еден ноќен клуб.
Фудбалерите во текот на божиќните и новогодишните празници често се опуштаат, па понекогаш знаат да претераат, а користат и недозволени супстанции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изданието ја задржува анонимноста на својот извор, но од редакцијата велат дека го знаат името на корисникот на кокаинот. Тој е репрезентативец на Англија, што предизвика уште поголем скандал на Островот.
„Сите зборуваат за тоа. Не беше официјална забава на клубот, едноставно по еден натпревар дел од фудбалерите и тренерот излегоа на по некоја пијачка. Соиграч го видел како користи дрога во тоалет. По половина час бил во вистински хаос. Шефот се налутил и го испратил дома со такси бидејќи мислел дека е пијан“, вели изворот.
Според „Сан“, траги од какинот во крвта остануваат до 48 часа, додека во мокрачата и до четири дена. На играчте им се заканува суспензија и до две години доколку бидат позитивни на ваква дрога.
Tomorrow's front page: An England footballer was booted out of a nightclub after snorting cocaine in the toilet https://t.co/yuYDd56bQz pic.twitter.com/jm3I01PwU7
— The Sun (@TheSun) January 3, 2019